5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Канбера е првиот австралиски град што ќе ја легализира марихуаната за лична употреба

Главниот град на Австралија, Канбера, ќе стане првиот град во земјата што ќе ги легализира поседувањето, користењето и одгледувањето мали количини канабис.

Пратениците во Австралиската престолнинска територија (АКТ) го усвоија предлог-законот со кој на луѓето на возраст од 18 или повеќе години им се дозволува да поседуваат до 50 грама канабис по лице и максимум четири растенија по домаќинство за лична потрошувачка.

Новиот закон стапува на сила од 31 јануари 2020 година.

Канабисот останува забранета супстанција според федералното законодавство на Австралија, а новиот закон е во спротивност со националните закони за дроги што ги донесе парламентот на земјата со кој се забранува поседување марихуана.

Соседскиот Нов Зеланд ќе одржи референдум следната година за легализација на канабисот за лична употреба.