23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Би можел да добијам Нобелова награда за мир ако го прават тоа на фер начин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека заслужува да ја освои Нобеловата награда за мир по повеќе основи, но дека сè е наместено.

„Би можел да ја добијам Нобеловата награда за мир за многу работи доколку оние што ја доделуваат го прават тоа на фер начин, но тоа не е случај“, изјави Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

И претходно Трамп ја спомнувал можноста за Нобелова награда за мир, особено затоа што ја доби и неговиот претходник Барак Обама. Трамп тогаш оцени дека ниту Обама не знае за што ја добил наградата.

Кога ја доби Нобеловата награда на 10 декември 2009 година, Барак Обама укажа на значителните контроверзии предизвикани од таа неочекувана награда на почетокот на својот прв мандат.

„Јас сум на почетокот, а не на крајот на мојата работа на меѓународната сцена“, рече Обама во тоа време.
Покрај Барак Обама, тројца други американски претседатели ја добија оваа престижна награда: Теодор Рузвелт, Вудроу Вилсон и Џими Картер.