3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија го прифати Парискиот климатски договор

Русија официјално го усвојува договорот склучен во Париз во 2015 година, се наведува во документ потпишан од рускиот премиер Дмитриј Медведев. Тој денеска му даде официјална поддршка на Парискиот договор за климата и нареди руските закони да бидат приспособени на обврските во согласност со договорот.

Во документот се наведува и дека ќе им „додели финансиски средства на земјите во развој за да ги спречи и да ги приспособи на климатските промени“.

Иако официјално не се наведува ратификација, владата во изјавата вели дека указот означува прифаќање на договорот од страна на Русија и прифаќање на обврските од Парискиот договор.

Претставувајќи го указот на состанокот на владата, Медведев рече дека е важно Русија да учествува во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови.

„Заканата од климатските промени лежи во уништување на еколошката рамнотежа, зголемување на ризикот за успешен развој на клучните индустрии и што е најважно – зголемување на бројот на природни непогоди“, рече тој.

Спонзорирано: