20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев се сретна со премиерот на Естонија, Јури Ратас

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со премиерот на Естонија, Јури Ратас.

На средбата двајцата премиери ги истакнаа пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за нивно интензивирање со проширување на соработката на повеќе планови.

Премиерот Заев му се заблагодари на естонскиот премиер за поддршката и за потпишувањето на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

На средбата заеднички беше оценето дека самитот на Европскиот совет во октомври е од суштинска важност за Северна Македонија кога се очекува да бидат исполнети ветувањата за датум за почеток на пристапните разговори и дека Естонија ќе продолжи со поддршката за Северна Македонија во оваа насока.

Двајцата премиери се согласија дека Северна Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во реформите дома, како и напредок во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во ЕУ како резултат на одличната соработка со европските институции.

Премиерите на Северна Македонија и на Естонија, Заев и Ратас, изразија заложба да ја поттикнат соработката меѓу двете земји на планот на трговијата и информатичкиот сектор, особено поради извонредните искуства на Естонија.

Спонзорирано: