12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма во Лион: Жена пукала од прозорец, двајца повредени

Една жена отворила оган од огнено оружје од прозорец во комерцијалниот дел на Лион и ранила во раката еден случаен минувач, а за вториот повреден нема информации, па потоа се затворила во станот, пренесува „ Ле паризиен“.

На местото на инцидентот веднаш е распореден голем број припадници на полицијата и специјалната полициска единица РАИД.

Полицијата наредила 400 ученици и професори од средното училиште „ Ампере“, кое се наоѓа стотина метри понатаму, на излезот од зградата, а неколку автобуски линии биле пренасочени.

Идентитетот и мотивите на жената, која во меѓувреме е уапсена, засега не се познати, но од полицијата велат дека засега не веруваат оти станува збор за терористички напад, пренесува РТ.

Спонзорирано: