11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлодира бомба за време на говорот на претседателот на Авганистан, загинаа најмалку 24 лица

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се повредени кога експлодира бомба во близина на предизборниот митинг што го одржа авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Меѓу жртвите има жени и деца, пренесува „Раша“, додавајќи дека бомбата била прикачена на полициски автомобил што се наоѓал во близина на митингот.

Според извештаите на медиумите, најмалку 24 лица загинале, а повеќе од 30 се повредени.

Медиумите објавија дека целта можеби бил претседателот.

Тој не бил повреден во експлозијата и бил однесен на безбедно место, а „Раша“ пишува дека тоа е првиот терористички напад на настан на кој присуствувал и самиот претседател.