Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Меркел: Европа го поддржува нуклеарниот договор со Иран

извор: Маkfaх

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека Европа одлучила да го поддржи нуклеарниот договор со Иран и да се обиде да изнајде решение за да спречи натамошна ескалација.

„Чекор по чекор ќе продолжиме да се обидуваме да најдеме решение со Иран, за да се спречи продлабочување на тензиите во овој глобално чувствителен регион“, изјави таа во долниот дом на парламентот.

Говорејќи за Либија, канцеларката предупреди дека ситуацијата во таа северноафриканска земја се заканува да го дестабилизира целиот африкански континент.

„Ситуацијата во Либија се развива на начин што може да има слични димензии како во Сирија. Наша цел е да направиме сѐ што можеме за да не ескалира во војна“, рече таа.

Во тренд