Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Иднината на предметите и обвинителите на СЈО е осигурана

Предметите преминуваат во ЈО и ја имаат осигурано својата иднина. Вака како што се сега, државниот јавен обвинител има опција да ги распредели до надлежни обвинители, рече премиерот ЗОран Заев.

– Добро е да имаме договор, оти само така ќе имаме правна држава. Договор нема но иднината на предметите и на обвинителите на СЈО е осигурана. Сите обвинители се враќаат кој од каде дошол, можеби нема платите да им бидат исти, но се враќаат. Прашање е само дали ние политичарите знаеме да ги почитуваме црвените линии или не”, дециден е Заев.

Премиерот Заев најави дека и имотот на СЈО ќе се префрли во сопственост на ОЈО.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +