3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Упад во домот на претседателката на Централната изборна комисија на Русија

Маскиран напаѓач влегол во куќата на претседателката на Централната изборна комисија на Русија, Ела Памфилова, ја погодил со зашеметувач и потоа избегал, пренесува ТАСС.

„Инспекторите во московската регионална полиција отворија истрага за нападот“, рече портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк.

Таа објасни дека полицијата добила пријава за напад врз сопственичката на куќата во московското предградие Истра и дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците утврдиле дека жртвата е Ела Памфилова.

„Маскираниот напаѓач го скрши прозорецот и влезе во тремот, неколкупати ја удри жртвата со зашеметувач, а потоа побегна“, рече Волк.

Според неа, истрагата е отворена под сомнение за грабеж.

Спонзорирано: