Centar.mk
КУЛТУРА

Третата Skopje Vinyl Convention ќе се одржи на 28 септември

Funky Fresh и МКЦ го најавуваат третото издание на единствената конвенција за винил во Македонија. На 28 септември, сабота, во просториите на МКЦ во текот на денот и вечерта на едно место ќе се соберат голем број љубители на винил-културата.

Skopje Vinyl Convention е настан инспириран и посветен на сите пасионирани колекционери и љубители на винилните музички изданија.

„Сцена има, пазарот е разбуден. Тоа ни го покажаа минатите две изданија. Затоа, оваа година одиме со повеќе изложувачи и дилери и секако со одлична музичка програма“, вели Гоце Трпков (DJ Goce) еден од организаторите на конвенцијата.

Официјалната програма ќе биде објавена набргу, а организаторите најавуваат настан за уживање. Целодневната програма вклучува голем број дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил-изданија, како и богата музичка програма, која во вечерен дел како главни ѕвезди ќе ја збогатат двократниот DMC-светски шампион DJ Woody од Велика Британија и Naughty NMX и DJ Mirko Machine од Хамбург, претставници на Dusty Donuts-екипата.

„Оваа година решивме да ги отвориме вратите за сите и да потврдиме дека плочата е повторно во мода. Ги очекуваме сите љубители на винил на 28 овој месец комплетно бесплатно да уживаат во овој единствен од ваков тип настан кај нас“, додава Мартин Христовски (DJ Chvare).

Детаљната програма во која ќе бидат вклучени повеќе од 30 дилери и над 50 музичари ќе биде објавена на официјалните профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ на Skopje Vinyl Convention.

Можеби ќе ве интересира

РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ – Можат да се пријавуваат дела објавени во 2026 година

ДЕСК

МАНЧЕВСКИ СО ДВА ФИЛМА НА МЕЃУНАРОДНИ ФЕСТИВАЛИ – Македонскиот режисер пред публиката во Белград и Торино

ДЕСК

Мојсова-Чепишевска и Антоновски единствени автори од Македонија во новиот меѓународен зборник за Андриќ

ДЕСК