5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Партијата на Себастијан Курц објави дека била хакирана

Три и пол недели пред предвремените парламентарни избори во Австрија, австриската Народна партија (ОВП) на Себастијан Курц објави дека била хакирана.

Партијата откри дека им се украдени 1.300 гигабајти податоци.

„Целта беше да се влијае и да се манипулира со изборите“, рече Курц во изјавата за виенскиот весник „Естерајх“.

Неофицијално, во ОВП се сомневаат дека зад нападите стојат руски разузнавачки кругови, но и поддржувачи на турскиот претседател, кои и порано вршеле сајбер-напади врз ОВП.

Курц рече дека не сака официјално да зборува за тоа кој може да стои зад нападот и дека за тоа ангажирал експерти, кои дошле до првите информации.