17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинескиот премиер на состанокот со Меркел првпат проговори за немирите во Хонгконг

Кина ќе стави крај на хаосот во Хонгконг во согласност со законот, изјави кинескиот премиер Ли Кеќанг за време на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, која е во тридневна посета на Кина.

Ли, кој првпат ги коментира немирите во Хонгконг, рече дека Кина има мудрост да го реши проблемот со закон.

Во последните неколку недели се појави загриженост дека Пекинг би можел да испрати армија по барање на владата во посебниот административен кинески регион со цел да ги задуши протестите во тој полуавтономен град.

Меркел рече дека го поздравува потегот на Хонгконг за официјално повлекување на контроверзниот закон за екстрадиција во Кина поради кој пред три месеци почнаа масовните протести.

„Сега се надевам дека демонстрантите ќе се вклучат во дијалог“, рече канцеларката.

Лидерите на протестното движење во Хонгконг побараа средба со Меркел, но портпаролот рече дека таков состанок не е планиран.

Меркел и Ли потпишаа 11 договори за соработка во области, како што се авијацијата, чистата енергија, финансиите и образованието. Нејзината посета главно е фокусирана на трговијата.

Меркел рече дека се надева оти трговската војна меѓу САД и Кина, кој влијае и на другите земји, набргу ќе биде решена.

Спонзорирано: