20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватска враќа во служба 2.000 пензионирани полицајци

Првпат од војната Хрватска враќа 2.000 пензионирани полицајци во служба поради мигрантите и потребата од зголемена гранична контрола.

Иницијативата ја поведе Министерството за внатрешни работи, пред сè, поради повеќегодишната мигрантска криза и потребата од засилена гранична контрола, пишува загребачки „Јутарњи лист“.

Во владината удредба, меѓу другото, се наведува дека Хрватска ќе претседава со Советот на Европа во првата половина на следната година, што исто така ќе бара ангажирање повеќе полициски сили за обезбедување и заштита на лица и објекти, а тоа може да го работат, како што се наведува, само оспособени резервни полициски службеници.

Спонзорирано: