9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Живковиќ: Со ребалансот на Буџетот поттикнуваме раст на платите, унапредување на социјалната заштита и зголемување на социјалната сигурност

Како одгoворна партија продолжуваме со реализација на мерките што поттикнуваат економски раст и стабилна и развојна економија, рече на прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

-Ребаланост на Буџетот има за цел да се алоцираат средства од оние ставки кои не се искористени, во ставки што обезбедуваат развој на економијата, раст на платите и унапредување на системот на социјална заштита.

Главен фокус ставаме на концептот повеќе пари кај граѓаните и раст на платите во сите сектори, вклучително и во приватниот сектор.

За таа цел, со ребалансот обезбедени се 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра, односно до 6.000 денари.

Ваквата поддршка ќе трае три години, од октомври 2019 до октормври 2022 година.

Оваа мерка, освен раст на платите, има за цел и сузбивање на сивата економија и давањето плати во плико, но и зголемување на приливот на средства во пензискиот фонд.

Обезбеден е поголем трансфер од Буџетот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб. Тоа е дел од реформата што започна минатата година и е согласно месечните исплати за бројот на осигуреници.

Обезбедени се дополнителни 200 милиони денари за активните политики и мерки за поддршка на вработувањето за кои постои голем интерес, што има за цел намалување на невработеноста и отворање нови работни места.

Од реформите кои се спроведени во изминатите 2 години директна корист имаат 300.000 граѓани, и ова се наши сограѓани од пониските социјални слоеви и ранливите групи на кои претходната власт ќе се сетеше само пред избори.

Резултатот од социјалната реформа е 30.000 домаќинства или околу 120.000 граѓани три месеци добиваат социјална помош повисока во просек за 300%, детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца што е за три пати повеќе, а образовниот на 8.681 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно.

1.170 вработени во Центрите за социјални работи добија зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен, покачување за 3.138 негователи и воспитувачи во градинките – плата во просек за 3.000 денари повиока од претходно односно добија покачување за 16%, а предвидено е дополнително зголемување од 5% со септмвриската плата која ќе се исплати во октомври и со тоа вкупниот пораст на плати ќе биде 21%

Минималната плата достигна 12.507 денари. Уште поважно е што таа се изедначи во сите сектори, вклучително и кај одделите производство на текстил, облека и кожа, каде минималната плата беше околу 8. 000 денари.

Со нови законски измени обесштетени се околу 11.000 стечајци, кои долго време беа оставени без никаков надоместок, а планирано е обезбедување на надоместок за дополнителни 1.000 стечајци со нови законски измени во периодот што следи.

Почитувани,

Ова се само дел од мерките и политики што имаат за цел да го забрзаат економскиот раст, да го унапредат системот на социјалната заштита и да ја зголемат социјалната сигурност на граѓаните.

Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерките и политиките во интерес на економијата и граѓаните.

Градиме фер и правдено општество кое создава шанса за сите., порача Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.