8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Кривична пријава против охриѓанец за тешка кражба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба.

„На 1.08.2019 во маркет на ул. Гоце Делчев во Охрид пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила влегле внатре и одзеле предмети. Исто така, на 12.08.2019 во маркет на ул. АСНОМ во Охрид пријавениот, со уште едно лице, на идентичен начин влегле и одзеле предмети. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 284.423 денари“, соопшти МВР.