21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина го обвини „Федекс“ за нелегално испраќање оружје во Хонг Конг

Кинеските власти ја сомничат американската компанија „Федекс“, која нуди поштенски услуги во целиот свет, за обид за незаконско испраќање ладно оружје во Хонг Конг, каде што се одржуваа масовни протести, пренесува „Саут Чајна морнинг пост“.

Како што се наведува, во една од филијалите на „Федекс“ во континентална Кина е регистрирана пратка со комплет нестандардни ножеви, чија крајна адреса била во Хонг Конг. Според пишувањето на „Саут Чајна морнинг пост“, за продажба, производство и за купувањe такви ножеви во Кина е потребно посебно одобрување зашто спаѓаат во категоријата опасно оружје.

Пратката била запленета, а истрагата за случајот е во тек.

Во меѓувреме, од „Федекс“ изјавија дека пратката била обработена во согласност со стандардните безбедносни процедури. Комапнијата тврди дека пратката ја испратил редовен клиент и дека притоа не биле прекршени никакви правила.

На крајот пратката не стигнала до примателот, чиј идентитет не се наведува.

За потсетување, кон крајот на мај оваа година кинеските власти го обвинија „Федекс“ за неосновано пренасочување во САД две пратки во кинеската компанија „Хуавеј“, на која САД ѝ воведоа санкции. Во средината на август полицијата во кинескиот град Фуџоу поведе истрага за пратка во која имало огнено оружје, а која „Федекс“ ја доставила од САД.

Спонзорирано: