11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Ременски да открие како ја користела својата позиција за потребите на Меѓународниот сојуз

Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој зборуваше за наводната вмешаност на Фросина Ременски во случајот „Рекет“.

Тој посочи дека Ременски, која денеска беше повикана да даде изјава во Обвинителството, не одговорила за што ја користела својата позиција како потпретседател на Собранието и потпретседател на СДСМ, а во насока на потребите на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.
„Гледаме дека стратегиите и проектите на Боки 13 со сите инволвирани во Меѓународниот сојуз биле со единствена намера да рекетираат. Дали Фросина Ременски учествувала во смислувањето на тие проекти за рекет на Боки 13“, запраша партискиот портпарол.

Тој потсети дека Ременски дента кога ја прогласиле за почесен претседател, признала дека има долгогодишна координација и комуникација со Бојан Јовановски за проекти и стратегии и за натамошно функционирање.

Според Арсовски, целта во „Рекет“ е целиот случај да се развлече и на крајот да се забошоти.

„Очигледно дека единствена обврска на Вилма Русковска е да се заштити криминалот на врвот на СДСМ и Заев, а целиот случај да се сведе само на Боки 13 за кој целата држава знае дека не може и не е способен сам да го направи целиот овој рекет сам“, посочи тој нагласувајќи дека одговорност ќе има за сите веднаш кога ќе падне, како што рече, криминално-рекетарската власт на СДСМ.

Спонзорирано: