25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Формирана нова влада во Италија

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, формираше нова влада, коалиција на популистичкото Движење пет ѕвезди и левичарските демократи.

Во новата влада нема претставници на партијата на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната влада.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серхио Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој дојде денес да му каже на претседателот дека успеал.

Првата 14-месечна влада на Конте падна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигрантска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да се одржат предвремени избори за тој да стане премиер.