17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воен персонал од Турција почна со обука во Русија за С-400

Воен персонал од Турција почна со обука во Русија за ракување со ракетните системи С-400, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

„Припадници на Воено воздухопловните сили почнаа со обука во Гачина за управување со противракетни системи за одбрана С-400“, објави Министерството.

Обуката на турскиот персонал ќе трае до 2 јануари 2020 година.

На 27 август Русија почна со испорака на втората транша С-400 во Турција која ќе заврши до крајот на септември.