8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чавушоглу е против доделување посебен статус на Турција во ЕУ

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу не се согласува со словенечкиот претседател Борут Пахор, кој побара доделување „посебен статус“ на Турција во Европската унија, пренесуваат турските медиуми.

„Љубљана до минатата година активно ја поддржуваше идејата за прием на Турција во ЕУ. Не ја знам причината поради која таа ја промени својата позиција. Веројатно, тоа е поврзано со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон“ рече Чавушоглу.

Тој потсети дека преговорите за полноправно членство на Анкара во ЕУ почнаа во текот на 2004 година.

„Доколку Анкара не ги исполнува своите обврски кон ЕУ, тогаш прашањето за перспективите за членство во ЕУ може да биде отворено. При сите други околности дијалогот треба да продолжи“ истакна Чавушоглу.

Словенечкиот претседател Борут Пахор за време на форумот кажа дека Западен Балкан треба да биде примен во ЕУ, додека Украина и Турција треба да добијат „посебен статус“.