14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТ

Автобус се преврте во познато туристичко место на Нов Зеланд, има и жртви

Неколку луѓе загинаа koga автобус се преврте во близина на популарната туристичка дестинација Роторуа, на Нов Зеланд. Полицијата ја потврди веста за несреќата, но велат дека се уште не можат да ја потврдат точната бројка на загинати.

Се претпоставува дека во автобусот за време на несреќата се наоѓале повеќе од 20 лица.

Брзата помош биле известени за сериозна несреќа во која учествувал автобус кај Натира, на 30 километри северно од Роторуа на Северниот остров.

„Испративме пет хеликоптери, три амбулантни возила и иследник“, се вели во соопштението.

Три лица биле пренесени во болниците во регионот и три биле пренесени во болницата во Роторуа, додека 15 пациенти биле пренесени во друго подрачје за дополнителна проценка.

Се смета дека автобусот бил со туристи, но полицијата не успеа да ги потврди деталите за жртвите, пренесе ДПА.

Спонзорирано: