17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова несреќа на грчката плажа: Се удави уште еден Србин

Откако пред една недела се удави 19-годишниот Стефан, вчера во грчкото летовалиште Олимпик Бич загина уште еден Србин. Имено, 50-годишен маж додека се бањал во морето, доживеал инфаркт, па го поклопил бран, што бил кобен за него.

-Во Олимпик плажата само што се удави постар човек од Србија. Наводно доживеал инфаркт, па се наголтал вода. Секоја чест за спасителите кои беа искритикувани пред една недела кога се удави дечко од Србија. 15 минути се обидуваа да го оживат, а дури по пола час стигна Итната помош… Сакам да ги предупредам туристите кој доаѓаат на море со своите родители, пријатели и роднини кои се во поодминати години, да не ги оставаат без надзор и да апелираат до нив да не се одалечуваат од брегот. Жал ми е за господинот кој плачеше, претпоставувам дека во прашање е неговиот син… потресна и тажна слика – напиша еден очевидец на фејсбук страницата “Грчка инфо“.

Спонзорирано: