10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УЈП во фирмата на Амзоски ги проверува трансакциите поврзани со „Рекет“

Додека сопственикот на „Дрим Билдинг“ Ардијан Амзоски беше во Обвинителството за гонење организиран криминал каде даваше исказ во својство на лице од кое можат да се добијат потреби известувања, во неговата фирма влегоа инспектори на УЈП кои вршат контрола на финансиските трансакции поврзани со случајот „Рекет“, пренесува НОВА.

Неофицијално, се испитува договорот склучен меѓу оваа компанија и Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски и каде завршиле парите.

Се врши контрола на работењето на фирмата од 1.01.2017 до 31.08.2019 година.

Името на Амзоски се поврзуваше со Бојан Јовановски на чија сметка префрлил 261.853 евра за изградба на старечки домови.

Откако зделката пропаднала, Амзоски поднел тужба за да си ги врати парите.