20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Ниту снаата на Цветанка останала во фирмата, нити фирмата добила грант

-Грант, таа компанија во однос на апликација во која што како сопственичка структура фигурирала Нина Ангелевска никој пат не добила. Никојпат не добила.

Таму, се повлекува од постапката, снаа на Цветанка Ласкова, заради Законот се повлекува, но сепак грантот не е доделен. Никој пат. На компанијата која што конкурирала.

И на крајот, не е доделен потврдувам, но и да е доделен, зарем тие иноватори за технолошки развој, кој што создаваат проекти и државата треба да ги подржува, треба да бидат надвор од видикот на нас политичарите, мандаторите при регрутација на кадри?, рече премиерот Зоран Заев.