17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот

Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот.

Како што соопшти синоќа Стејт департментот, Палмер на 1 септември ќе учествува во работата на Стратешкиот форум на Блед, а потоа ќе ги претставува САД на состаниците на четворката во Брисел и во Подгорица.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека Палмер ќе настојува САД да ги зајакнат дипломатските напори за поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот, како и интеграцијата на земјите од Западен Бaлкан во западните институции.