17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Студентка паднала од 6. кат во Мексико додека вежбала јога

Студентката Алекса Тераца (23) паднала од шестиот кат додека вежбала јога на терасата, а нејзината пријателка снимила сè.

Тераца секое утро вежбала јога на балконот, но едно утро решила да изведе една од позите на балконската ограда, се лизнала и паднала од 6. кат на висина од 25 метри.

https://www.youtube.com/watch?v=3hldZGQLncM

Според австралиски „Њуз“, таа преживеала, а за време на 12-часовната операција, лекарите ѝ ги реконструирале колената и зглобовите.

Има скршено 110 коски во телото, а експертите велат дека постои можност таа да не може да проговори ниту збор во наредните три години.

Таа паднала од терасата само неколку секунди откако нејзината пријателка ја снимила фотографијата на која таа изведува опасна поза.