13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Виенски весник: Хан во новиот состав на ЕУ ќе добие нов ресор

Актуелниот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, во новиот состав на Европската комисија ќе добие нов ресор, тврди виенскиот весник „Естерајх“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, почна пред неколку дена разговори со кандидатите кои земјите членки на ЕУ ги предложија за европски комесари.

На Хан ова му е трет мандат во Европската комисија, а пред тоа беше задоложен за регионалниот развој.

Според пишувањата на весникот, Хан повторно ќе добие нов ресор.

Инаку, Хан по именувањето од страна на австриската влада, изрази желба повторно да добие ресор кој би имал врска со надворешната политика на ЕУ, но не ја криеше ниту желбата да го задржи ресорот.

За местото комесар за соседска политика и проширување, покрај Австрија заинтересирана е и Унгарија.

Спонзорирано: