10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тажна вест од Шпанија: Почина деветгодишната ќерка на Луис Енрике

Голема семејна трагедија го потресе поранешниот фудбалер и тренер на Барселона и шпански селектор, Луис Енрике.

Неговата деветгодишна ќерка Чана почина како последица на рак на коските, пренесуваат шпанските медиуми и додаваат дека тоа било единствена причина за повлекување од кормилото на „црвената фурија“.

„Нашата ќерка Чана почина попладнево по петмесечната интензивна борба со тумор. Благодарност до сите што водеа сметка за дискреција во изминатиот период и имаа разбирање за нашата борба. Благодарност до докторите и медицинските сестри, но и на сите свештени лица кои се молеа за неа. Чана многу ќе н` недостасува, но ќе се сеќаваме на неа до крај на животот и се надеваме дека ќе се сретнеме некаде. Ќе биде ѕвезда водилка на нашето семејство. Спиј мирно“, наведе Енрике во соопштението до шпанската јавност.

Енрике на 26 март оваа година изненадувачки се повлече од подготовките на шпанската фудбалска репрезентација пред мечот со Малта. Три месеци подоцна, поточно на 19 јуни, објави дека целосно се повлекува од репрезентативниот ангажман, но без никакви детали за причините. Единствено што направи беше искажаната благодарност до фудбалскиот сојуз на разбирањето и за коректното однесување на соработниците, на фудбалерите и медиумите во месеците додека беше на кормилото.

Спонзорирано: