6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина им се закани на американските компании со санкции за продажбата на оружје на Тајван

Пекинг се спротивставува на одлуката на САД да одобри продажба на оружје на Тајван и има намера да им наметне санкции на американски компании што го снабдуваат островот со оружје, изјави портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, пренесува „Спутник“.

„Кина ја осудува одлуката на САД. Ние веќе доставивме официјална жалба до американската страна и го повикуваме Вашингтон целосно да ги препознае сериозните опасности од продажбата на оружје на Тајван“, рече Генг.

Изјавата доаѓа како одговор на одобрувањето на Пентагон на евентуална продажба на 66 авиони „Ф-16Ц/Д блок 70“ на Тајван, соодветна опрема и поддршка за нив со проценета вредност од 8 милијарди долари.

Во јули Пекинг го предупреди Вашингтон да не меша во внатрешните работи на Тајван и побара САД да прекинат какви било службени и воени контакти меѓу Вашингтон и Тајпеј.

Кинеското МНР постојано го нарекува Тајван најчувствителното прашање, што влијае на билатералните односи меѓу САД и Кина. Пекинг го смета островот за суверена територија и се надева дека ќе го обедини со Кина еден ден.

Кина ги прекина официјалните врски со секуларната провинција во 1949 година кога Тајван ја прогласи својата независност. Кина и Тајван повторно воспоставија дипломатски контакти кон крајот на 80-тите години.

Спонзорирано: