11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тропската бура пристигна во Јапонија, 11 повредени и откажани стотици летови

Обилни дождови ги зафатија западните делови на Јапонија, откако рано утрото тропската бура Кроса го погоди копното.

Властите советуваат повеќе од половина милион луѓе да бидат подготвени за евакуација. Поради лошото време откажани се повеќе стотици летови и возови.

Јапонските власти предупредуваат дека до утре во одделни делови би можело да наврнат невообичаено големи количини дождови, поради што упатен е совет за евакуација на 584.100 луѓе, бидејќи водостоите на неколку реки се многу високи.

Метеоролошката служба наведе дека тропската бура била придружена од удари на ветер со брзина и до 144 километри на час, кога го зафатила копното во префектурата Хирошима во западна Јапонија. Наспроти силните врнежи, нема најави за поплави, но пријавени се десетина повредени, меѓу кои и човек кој паднал во море.