22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фламинга и пингвини нови жители на скопската зоолошка

Во скопската зоолошка градина почна изградбата на живеалиште за фламинга и пингвини.

Како што информираат од управата, ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека, пак, пингвините на пролет.

Со ова, скопската зоолошка конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди.

Финансиите за живеалиштето се обезбедени од Град Скопје.