10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Српските цариници пронајдоа еден милион шведски круни во јакна на Либанец

Српските цариници откриле вчера напладне, на преминот Градина, обид за нелегално пренесување на речиси еден милион шведски круни, чија противвредност изнесува околу 93.000 евра.

Прекршокот е откриен на излез од земјата, при детална проверка на комбе со германски регистарски ознаки, со кое од Шведска до Истанбул патувале петмина мажи од либанско потекло. Четворицата патници во комбето се државјани на Шведска, додека возачот покажал дански пасош.

На прашањето дали имаат нешто да пријават, тие рекле дека не носат ништо друго освен личен багаж и „малку“ пари.

Царинскиот службеник пронашол 20 бунтови со банкноти во апоени од 500 шведски круни кај еден патник, 46-годишен шведски државјанин, во јакната што ја носел префрлена преку рака.

Бидејќи патниците се изјасниле дека не пријавиле заеднички пари, им биле вратени по 10 000 евра, додека остатокот од околу 460.000 шведски круни, што е околу 43.000 евра, бил задржан до завршување на постапката пред надлежниот суд.

Спонзорирано: