3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија мора да прими бегалец кој бил сопрен на граница и депортиран во Грција

Германија мора да прими бегалец кој бил сопрен на граница и депортиран во Грција, пресуди судот во Минхен.

Организацијата „Про асил“ објави дека ова е прва ваква судска одлука. Станува збор за барател на азил од Авганистан којшто во мај со воз ја поминал од Австрија.

Германската полиција веднаш одлучила да го депортира во Грција врз основа на базата на податоци на Европската Унија, која покажала дека тој претходно се регистрирал во таа земја.

Судот одлучи дека не постои основа во европското законодавство за такво полициско дејствување.

Спонзорирано: