10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снимал брзо возење и предизвикал тешка сообраќајна несреќа

Три лица, меѓу кои и бремена жена и дете загинаа во источниот дел од Романија, кога маж со телефонот и „во живо“ на социјалните мрежи пренесувал брзо возење со автомобил, при што излетал од патот и влетал во нивниот двор.

На лице место загинале бремената жена, нејзиното тригодишно дете и 79-годишна жена, додека едно лице е повредено.

Повредени се и возачот и уште еден патник од автомобилот, пренесе „Индекс“.

Возачот се обидел да побегне од местото на несреќата, но набрзо бил фатен и приведен од страна на полициските службеници.