12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени недопрени гробници стари повеќе од три милениуми во Грција

Грчкото Министерство за култура соопшти дека две недопрени гробници кои датираат од 1400 до 1200 година п.н.е биле пронајдени во близина на градот Немеа, на југот на земјата.

Областа е позната по многубројните гробници, но повеќето биле ограбени пред да бидат пронајдени.

Министерството соопшти дека во новооткриените гробници се наоѓаат две целосно погребани лица, како и коски на 14 лица кои биле преместени од други гробници.

Ископувањата на гробиштата Ајдони започнале кон крајот на 1970-тите, откако местото на гробниците што датира од 1700-1100 п.н.е. веќе било ограбено, веројатно неколку години порано. На локацијата бил пронајден антички накит.

Неколку парчиња накит што се појавија на аукција во Њујорк во 1993 година беа од тој локалитет и накитот е вратен во Грција.

Спонзорирано: