Бројот на загинати во тајфунот Лекима во источна Кина се искачи на 44 години, додека штетите се проценуваат на милијарди долари. Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, а повеќе од милион луѓе беа евакуирани.
Тајфунот Лекима, кој ја погоди источната провинција со налети на ветер до 187 километри на час, предизвика прекин на сообраќајот, застој на железницата и откажување на илјадници летови.
Како последица на тајфунот, уништени се 173.000 хектари култури и 34.000 домаќинства во покраината, соопштија локалните власти. Штетата од тајфунот се проценува на 2 милијарди долари.
Лекима е деветти тајфун во Кина оваа година, кој се движи кон север и се очекува да предзвика проблеми во близина на брегот во Шандонг.
Спонзорирано: