8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вонредните избори во Косово ќе се одржат на 29 септември, тврдат приштинските медиуми

Косовските политички партии ќе излезат на вонредни парламентарни избори во последната недела од септември, пишува приштинскиот портал „Газета експрес“, повикувајќи се на извори од кабинетот на косовскиот претседател, Хашим Тачи.

Тачи се очекува да го прогласи 29 септември за ден на изборите, по седницата на косовското Собрание, на 22 овој месец, кога се очекува одлука за самораспуштање на законодавниот дом, откако претходно, минатиот месец, премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка.