3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петнаесет германски фудбалери повредени од удар на гром

Петнаесет германски фудбалери се повредени од удар на гром во германската покраина Баден-Виртемберг.

Громот удрил додека играчите тренирале во петокот вечерта во близина на спортски центар, изјави портпаролот на полицијата, пренесоа германските медиуми.

Фудбалерите се на возраст помеѓу 19 и 48 години и се здобиле со полесни повреди, додека едно лице извесно време било онесвестено.

Повредените се префрлени во болница.

Спонзорирано: