Секогаш во средиштето на збиднувањата...

МЗШВ: Со користење на семенски материјал и искористување на субвенциите може да се постигнат рекордни резултати

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска беа во посета на селото Гермијан. Оваа посета министерот Димковски ја искористи да се запознае подетално со производство на пченица од овогодинешната реколта.

„Годинава според последните податоци е вкупно ожнеана 67.833 хектари или 92% од вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари, 3.300 по хектар. Сето слободно земјоделско земјиште го ставаме на располагање на вистинскиот земјоделец“, изјави министерот Димковски.

Додаде дека земјоделецот од село Гермијан, Владо Атанасовски, е позитивен пример за тоа, како со употреба на семенски материјал и квалитетна прихрана може да се постигнат одлични резултати. Годинава на неговите ниви кои се со квалитет од 7 класа, добил род од 7 тони просечно по хектар.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски рече дека:
“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успеа да ги исплати досега сите основни мерки за субвенции од програма за 2018 година а веќе се спрема за исплата и на дополнителните мерки, а до овој момент има исплатено 300милиони евра средства преку мерките што ги спроведува, а тука спаѓаат и заостанатите субвенции од изминатите години од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016.”- изјави Бабовски.

Димковски потсети дека до денеска се поделени 34.000 персонализирани картички, со сума од 88 милиони денари, а до крајот на месец август се очекува бројката да достигне до 55.000 картички со што кај земјоделците се враќаат вкупно 200 милиони денари.