17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕБОР го зголемува финансирањето на еколошки проекти во земјава

ЕБОР ги поттикнува инвестициите во зелена енергија во Северна Македонија со нови 4 милиони евра наменети за Охридска банка АД Скопје. Средствата ќе поддржуваат подобрување на енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе помогнат во намалување на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Финансирањето е од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ), а средствата ќе бидат понатаму позајмени за поддршка на инвестициите на приватните сопственици на домаќинствата во зелени технологии, материјали и мерки како што се бојлери, прозорци и осветлување. Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.