23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена Германка поради членство во ИД

Сојузното обвинителство уапси Германка поради обвинение дека е членка на терористичка организација и наводно се приклучила кон т.н. Исламска држава во Сирија.

Според зборовите на обвинителот Зибел Х. таа се соочува и со обвинувања за воени злосторства и поседување оружје.

Германката се сомничи дека заедно со сопругот заминале за Сирија во 2016 година, а живееле и во Мосул во Ирак, во куќа во сопственост на ИД.

Како што се наведува, таа заедно со мажот работела во болница на ИД како медицинска сестра, сè додека организацијата не почнала да се распаѓа во 2017 година, кога побегнале на север каде што биле фатени.

Германското обвинителство одби да открие дополнителни информации за жената и нејзиниот сопруг.

Спонзорирано: