10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Бугарија 17.000 свињи ќе бидат усмртени поради африканската чума

Бугарските власти денеска соопштија дека ќе усмртат 17.000 свињи по појавата на африканската свинска чума во една фарма на северот од земјата, што е петта индустриска фарма погодена од вирусот.

Вирусот е откриен на фарма во село на северот од Бугарија, во близина на градот Свиштов на Дунав.

Повеќе од 100.000 свињи веќе се убиени на четири други фарми во последните две недели.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, во средата се состана со ветеринари и други експерти задолжени да преземат акција против ширењето на африканската свинска чума.

Бугарија ги мобилизира и воените и полициските сили за да помогнат во борбата против болеста.

Африканската чума е многу заразна болест, која ги зафаќа домашните и дивите свињи, но не се пренесува на луѓето.

Спонзорирано: