11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Пожарот во зградата во Гевгелија предизвикан од греалка

Во Полициската станица Гевгелија на 30 јули бил пријавен пожар во станбена зграда на улицата Ристо Чавдаров.

Како што информираат од МВР, во инцидентот биле опожарени станови од потпокривот на зградата, а при увидот било утврдено дека причина за пожарот била греалка, која се користела во еден од становите.

Пожарот бил изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и од Неготино.

Неофицијално, од зградата во која има 36 стана, опожарени се шест.

Спонзорирано: