12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТ

Авганистан: Бомба уби над 30 патници во автобус

Најмалку 34 цивили загинаа во Авганистан кога автобус налета на бомба во авганистанската провинција Фарах на западот од земјата, соопштија официјални лица, а пренесуваат светските агенции.

Во експлозијата, која одекнала во 5 часот наутро по локално време на автопатот Херат – Кандахар во областа Бала Булук, повредени се најмалку 17 лица, информираа локалните власти.

Информацијата ја потврди и портпаролот на полицијата во Фарах, кој рече дека голем број на повредени се пренесени во болници во Херат, додека други биле пренесени во градот Фарах.

Милитантите честопати поставуваат бомби по патиштата за да го спречат напредувањето на авганистанските сили, но не ретко во вакви експозии страдаат и цивили.

Спонзорирано: