Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со еден потег го замолчи Милошоски: Немој да лажеш, кажи кој е бизнисменот што е рекетиран надвор од собраниската говорница

Тензично денеска во Соранието. Премиерот Зоран Заев му порача на Антонио Милошоски од ДПМНЕ да не се крие од зад говорницата на Собранието, туку од надвор да излезе и да каже кој е бизнисменот што бил рекетиран.

„Никој кај мене не бил од Белоруската амбасада. Обврска е на секој граѓанин, на истражните органи да постапат, да се каже дека некој рекетиран бизнисмен се жалел во белоруската амбасада што учествувал на тендер на ЕЛЕМ“, рече Заев.

Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот бидејќи цитира што пишуваат одредени медиуми блиски до опозицијата дека бизнисмен се жалел во Белоруската амбасада во Белград и дали некој од амбасадата му се јавил.

„Ова се манипулации и бесрамни лаги. Никој нема право да се крие зад говорницата. Нека го каже овој бизнисмен надвор од говорницата. Тврдењето дека на бизнисмен му се побарани 250 илјади евра, директно да се пријави, а не на говорница. Сум бил опозиција и надвор од говорница сум зборувал и сум пријавувал, без оглед кој бил обвинител“, рече Заев.

Бесрамно лажете дека Љупчо Зафировски е ангажиран како посебен советник, затоа што е во пријателски односи со семејството Заеви, рече премиерот Зоран Заев во одговорот до пратеникот на ДПМНЕ, Антонио Милошовски.

Спонзорирано: