12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Западна Европа зафатена од нов топлотен бран

Нов топлотен бран со очекувани температури меѓу 37 и 43 Целзиусови степени ја зафатија од денеска северозападна Европа. Од петок се очекува намалување на температурите.

Високи температури од 37 до 43 Целзиусови степени ја зафатија северозападна Европа. Речиси цела Франција е погодена од горештините, но не се очекува да биде надминат рекордот од 46 степени од јуни во јужна Франција. Посебно е погоден Париз, каде што в четврток се очекуваат температури од 41 степен. Претходниот рекорд од 40,4 степени е од 1947 година.

Високи температури се очекуваат и во Германија. За регионот на Келн се прогнозираат 41 степен, како и во провинцијата Сар, каде што исто се очекува температурата да надмине 40 степени.

Посебно предупредување за опасно време е објавено во Белгија и Холандија. Велика Британија в четвртокво југоисточниот дел ја очекуваат 37 степени, што е повеќе од досегашниот рекорд за јули од 36,7 степени и се доближува до апсолутниот температурен рекорд од 38,5 степени од август 2003 година.

Во Италија се очекува топлотен бран и поради тоа Министерството за здравство објави за утре опасност во Перуџа, Торино, Бреша и во Болцано, а температурен аларам за четврток има за Џенова, Верона, Болоња, Рим, Пескара, Риети.

Спонзорирано: