25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ свесно неколку месеци ги кочи медиумските реформи

Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидуваат да ги блокираат реформите во медиумите. Димовски, кој е претседател на Комисијата за избори и именувања, упорно одбива да закаже седница на која ќе почне јавна и транспаретна постапка за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ, обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно веќе неколку месеци го кочи изборот на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и свесно ги кочи медиумските реформи.

Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во АВМУ и МРТ, кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава.

За потсетување, состојбата во МРТ е единствена критика од извештајот на Европската комисија, а потребата од реформи во јавниот сервис е нотирана и во извештајот на „Репортери без граници“.

Од друга страна, директорот на АВМУ, кој патем е и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ, јавно ширеше лажни вести, кои официјално беа демантирани од страна на Министерството за внатрешни работи.

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата.

Од таа причина, Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ги почитуваат законот и постапката за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и седницата да почне веднаш, да ја свика и да почне расправата.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Реформите мора да продолжат во интерес и на државата и граѓаните“, порача Костадинов.