23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Законот што СДСМ го предлага, наместо правна држава, треба да го зајакне рекетарско-судско-политичко-медиумскиот октопод

СДСМ ја пропушти шансата за борба против криминалот и корупцијата. СДСМ не само што не покажа волја, туку во изминатите три години криминалот и корупција ги институционализира и ги претвори во свој заштитен знак, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука, целосно лицемерно е СДСМ да говори за правна држава и владеење на правото, а патем Драги Рашковски сè уште да е генерален секретар на Владата, Курто Дудуш да е сè уште градоначалник, Кики и Фрики сè уште да бидат на слобода, а Зоран Заев (Капо ди тути капи) сè уште да биде премиер.

Законот што СДСМ го предлага, наместо правна држава, треба да го зајакне рекетарско-судско-политичко-медиумскиот октопод кој е создаден од оваа власт. Законот што го предлагаат е надвор од европските стандарди и има една единствена цел да ја замолкне опозицијата. Законот на СДСМ е неприфатлив и од персонален план, кој Заев сака да го наметне, бидејќи тој е синоним за политичкото влијание врз судството. Јасна е тенденцијата на Заев и СДСМ да создадат алатка со која ќе го продолжат притисокот врз секој оној што се спротивставува на нивниот криминал.

Да не се секира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го подготвува предлог-законот за Јавното обвинителство и тој многу бргу ќе биде доставен до Собранието и до јавноста“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: