17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Романија ја напуштиле речиси 10 милиони Романци

Според најновите податоци, Романија ја напуштиле 9,7 милиони Романци, соопшти романската министерка за дијаспора, Наталија Интотеро.

Главни причини, според податоците, се корупцијата, слабиот квалитет на политичката класа и сиромаштијата. Податоците се испратени од 70 дипломатски мисии на Романија.

Министерката Интотеро нагласи дека основното барање на Романците во странство за татковината е инфраструктурата – патишта, автопатишта, болници, училишта.

„Сите тие нешта би ги натерале да се вратат“, вели Интотеро.

Меѓу причините за напуштање на Романија, учесници во анкетата, ги нагласиле ниските плати, недостигот од работни места, стабилност, слаб квалитет на политичката класа и корупцијата.

Министерката за дијаспора нагласи дека бројот на Романци кои заминале во странство е „многу голем“.

Спонзорирано: