21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов премиер на Велика Британија.

Џонсон убедливо го победи противкандидатот, актуелниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, освојувајќи 92.153 гласови во однос на 46.656 гласови што ги доби Хант.

Членовите на владејачката Конзервативната партија завршија вчера со гласањето за време на кое преку пошта се изјаснуваа меѓу Џонсон и сегашниот шеф на дипломатијата Џереми Хант.

Неколку членови на владата на поранешната премиерка Тереза ​​Меј, рекоа дека ќе поднесат оставка пред да ги отпушти Џонсон бидејќи се спротивставиле на неговата намера да ја изведе Велика Британија надвор од Европската Унија, со или без договор.

Спонзорирано: